Под засилени безбедносни мерки денеска во судница во КПУ Идризово започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. За несреќата која се случи на 16 март годинава и во која загинаа 63 лица, а над 200 лица беа повредени, обвинети се 38 лица, од нив 35 физички и три правни. Истите се товарат за тешки дела против општата сигурност.

Ќе имаме почит кон тагата и болката на роднините на жртвите, сите ќе имаат право да си ја кажат својата верзија на случајот и да предложат докази. Ќе бидеме транспарентни. Не можам да ветам брзина. Колку ќе трае судењето никој не може да знае, апелирам на трпение и дисциплина, додаде Груевска Илиевска.
Воедно, Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на денешното судење одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на агенцијата „Рубикон“ што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“.
OhridNews












