Како што беше најавено, запрашувањето против комарци, почна денес и ќе трае два дена.

Од Локалната самоуправа ги известуваат пчеларите додека се врши запрашувањето, да не ги пуштаат пчелите од кошниците.
 
Надлежните информираат дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Запрашувањето ќе се врши доколку  временските прилики го дозволат тоа, посочуваат од Локалната самоуправа.

OhridNews