Денес почнаа уписите на двата факултети во Охрид. Слободни места за упис има за 347 студенти на Факултетот за туризам и угостителство и 440 студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

Првиот уписен рок за идните студенти на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид е денес и утре, додека вториот уписен рок е на 14 и 15 септември, а третиот на 26 септември.

Според објавениот конкурс, на ФТУ -Охрид во редовната државна квота ќе се запишат 170 студенти кои ќе партиципираат со по 200 евра. Во редовната квота со кофинансирање во висина од 400 евра ќе можат да се запишат 111 студенти, а вонредно ќе можат да студираат 66 студенти. За тоа тие ќе треба да одвојат 400 евра.

Прелиминарните резултати од пријавувањето во првиот уписен рок ќе бидат истакнати на први септември.

Првиот уписен рок на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” Охрид е денес, утре и задутре, вториот на 19 и 20 септември, додека третиот на 28 септември.

Прелиминарните резултати од пријавувањето во првиот уписен рок ќе бидат истакнати на 5 септември.

OhridNews