Охрид од денеска до 7 септември ќе биде домаќин на 2-от Интернационален кошаркарски турнир „Охрид 2025“ за играчи до 15 години, што го организира Градскиот кошаркарски клуб Охрид.

На турнирот учествуваат 10 екипи од 7 држави поделени во две групи. Свеченото отворање е во 20:20 часот, на кое ќе се обрати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, по што домаќинот на турнирот, ГКК Охрид ќе ги одмери силите со екипата на Локомотив од Бугарија.

Средбата почнува во 21 часот.

Во меѓувреме стартуваа подготовките на сениорскиот тим на ГКК Охрид.

Оваа сезона клубот ќе настапи со досегашните искусни играчи, но и со млади таленти кои ќе внесат свежа енергија и некои нови имиња кои допрва ќе дојдат во клубот за дополнителен елан во тимот. Токму оваа комбинација на искуство и младост се очекува да биде рецепт за силни настапи и успешна сезона, информираат од ГКК Охрид.

Г.М.