Со проекција на краткометражниот филм „Наскоро на вашите екрани“ на режисерот Фаброс Марика и премиера на филмот „Анонимни емотивци“ во режија на Жан-Пјер Америс, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва ќе биде отворен 4-от фестивал на Француски филм. На фестивалот што ќе трае до 5ти јули публиката во Охрид ќе види над 10 француски филмски остварувања, кои ќе ги оценува тричлено жири.
Гости на фестивалот ќе бидате врвни имиња на француската киноматографија, меѓу кои и легендата на светскиот филм и театар Жан Клод Кариер.












