Од локалната самоуправа информираат дека утре, 12- ти јуни, ќе почнат активностите за асфалтирање на улицата „Радојца Новичиќ“.

Заради специфичноста и технологијата на изведување на градежните работи, улицата ќе биде целосно затворена во текот на  денот од 08:00 до 17:00 часот во периодот од 12.06.2013 до 19.06.2013, освен во деновите од викенд (сабота-недела).

Градежните работи ќе ги изведува градежната фирма АД “Гранит”- Скопје.

Од локалната со апел до граѓаните да се придржуваат на привремено изменетиот режим на сообраќај на оваа улица.

OhridNews