Активностите за асфалтирање на „Радојца Новичиќ“, кои претходно беа одложени по барање на жителите од улицата и поради временските прилики, ќе започнат денес.

Поради специфичноста и техонологијата на изведување на градежните работи, улицата ќе биде целосно затворена од 08 до 17 часот, за што ќе бидат поставени и соодветни сообраќајни знаци за пренасочување на сообраќајот.

Градежните работи ќе ги изведува фирмата АД „Гранит“- Скопје.

OhridNews