Денес почнува екстерното тестирање за матурантите кое ќе трае до 29- ти јануари. Според податоците од Државниот испитен центар, екстерното тестирање ќе го полагаат 19.931 матуранти. Сите пријаветни матуранти ќе полагаат тестови по два предмета, а предметите за кои ќе бидат тестирани го дознаваат три дена пред денот на полагањето.

Од Државниот испитен центар изјавија дека прелиминарните резултати се очекуваат на 8 февруари. Незадоволните матуранти ќе имаат право да поднесат приговор до 10 февруари.

OhridNews