Со три осминафинални натпревари вечерва во Волино започнува елиминационата фаза на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“.

Програмата во 20:30 часот ја отвораат Сатеска и Др. Баткоски. Еден час подоцна ќе се сретнат Асп Пак и Златара Бени Ерол, додека последниот натпревар вечерва ќе го одиграат Аце Најдески и Мики Про Керамика.

1/8 финале – 20 август:

20:30 Сатеска – Др. Баткоски
21:30 Асп Пак – Златара Бени Ерол
22:30 Аце Најдески – Мики Про Керамика

Победниците од трите натпревари ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.

Г.М.