Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре почнува исплатата на Гарантираната минимална помош – ГМП за ноември годинава.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа утре за лица чии презимиња почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М, а во петок за лица со презимиња кои почнуваат на – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Корисниците на ГМП коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од утре, информираат од МТСП.

Исплатата на овие права ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 7 декември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М, и на 9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.
OhridNews












