Денеска официјално стартува кампањата за референдумот закажан на 30 септември, чиј носител е Собранието на Република Македонија.
Како што беше претходно појаснато од страна на претседателот на Парламентот, Талат Џафери кампањата ќе се води транспарентно, а пратениците и партиите нема во кеш да ги добиваат парите предвидени за оваа намена.Тие ќе с етрошат наменски, а делот кој нема да се потроши ќе се врати во државниот буџет.
Во кампањата на Собранието ќе бидат вклучени 71 пратеник од сите пратенички групи, освен ВМРО-ДПМНЕ.
На референдумот на 30 септември граѓаните на Македонија ќе треба да се изјаснат на прашањето „Дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.
OhridNews