На сцената на Античкиот тетар вечерва започнува Канео фест 2007. Годинава ќе има само една фетсивалска вечер на која ќе бидат изведени 19 композиции, најави организаторот.

Меѓу учесниците традиционално нема познати пејачки имиња, а само еден од изведувачите е од Охрид.


почнува Канео фест

Предвидено е да се доделат дури 14 награди, а востановена е и нова награда „Бисер на Канео фест“. која се доделува на пејачи кои фестивалот со своите песни го промовираат и надвор од државата. Добитник на оваа награда е Лени, која како што беше соопштено песната изведена на Канео фест ја промовирала во Хрватска.

Фестивалот покрај продукциски (АМАК СП) ќе биде сниман и од А1 телевизија и одложено  ќе биде емитуван во текот на август, најавин организаторот.

Јасминка Т. Момироска