Од денес почнува летниот распуст за околу 300 илјади средношколци и основци. На полуматурантите им претстои запишување во средните училишта, уписите се на 17 и 18 јуни, како и за време на второто пријавување на 24 и 25 јуни.

За учебната 2019/2020 година според Конкурсот на Министерството за образование наука, слободни се вкупно 35 690 ученички места.

Учениците кои завршија средно образование треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец, сега се полага третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија,  физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика. Доколку матурантите сакат да го продолжат своето образование и планираат да се запишат на факултет ќе може да го направат тоа во месец август.