Денеска, од 17:00 часот, со натпреварите од 1. коло започнува новата сезона во Втора МФЛ. Предвидувањата се дека натпреварувачката сезона 2025/26 ќе биде една од најнеизвесните. Веќе од следната сезона, Втора МФЛ ќе брои две екипи помалку, а променет е и системот на преселба во повисок и понизок ранг.

Оваа сезона само првакот влегува во елитното фудбалско друштво во Македонија. Второ и третопласираните екипи ќе играат бараж за влез во Прва МФЛ. Лигата директно ја напуштаат четири последно пласирани тимови, а екипите од 9. до 11. место играат бараж за опстанок во Втора МФЛ со прваците од Третите лиги, соопшти ФФМ.

Се очекува штипска Брегалница е најголем фаворит за првото место, во кругот екипи кои ќе се борат за промоција во Прва МФЛ се Беласица, Скопје, Шкендија Арачиново и Детонит Плачковица, но и сите останати сигурно имаат амбиција за што е можно повисок пласман, но и да се избегне преселба во понизок ранг, велат од ФФМ.

Иако не е посочен меѓу фаворитите, сепак за многу работи во првенството ќе се прашува ГФК Охрид Лихнидос. Клубот сериозно ги засили своите редови и најави так на врвот на табелата. Прв противник во новото првенство на „белите“ ќе им биде екипата на Беласица.

Сите натпревари ќе се емитуваат во директен пренос на YouTube платформата на ФФМ.

Распоред на натпревари, 1. коло, Втора МФЛ, 23. август, 17:00 часот:

Вардар Неготино – Тетекс

Брегалница 2008 – Кожуф

Новаци – Победа

Каменица САСА – Осогово

Преспа – Шкендија Арачиново 77

Охрид Лихнидос – Беласица

Скопје – Слога 1934

Големо Коњари – Детонит Плачковица

Г.М.
Фото: Архива