Седумнаесеттото издание на интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“-2010 започнува вечерва.

На сцената Долни сарај до 28 Август ќе настапат познати музички имиња од Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија и др.

Меѓу другите во Охрид ќе ги видиме: Нино Величковски, Mилица Кузмановска, Петар Нечовски во фолк вечерта, во поп вечерта тука е овогодишниот претставник на Евровизија Ѓоко Тенески, Биба Додева, Наде Талевска, Александар Белов и други, а  надвор од Македонија  доаѓаат: Елена Илијади ( Грција), Феминем (Хрватска), Група Луна ( Србија), Крум (Бугарија) и други.

Фестивалот кој годинава ќе трае четири дена, започнува  со вечер на дебитанти, a  завршува со интернационалната вечер на 28-ми август.

OhridNews