Охридската школа по природно право “Препознавање и разбирање на организираниот криминал и корупцијата во контекст на владеење на правото”, ќе биде отворена во понеделник, 25 септември во 10 часот во “Куќата на Уранија-МАНУ” во Охрид.

На отворањето ќе се обратат Вирџинија Елиот – директор на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при амбасадата на САД, Владо Камбовски –  МАНУ и Јетон Шаќири – Министер за правда.

На настанот што ќе трае до петок,  29 септември, ќе бидат отворени повеќе актуелни теми од областа на правото, со фокус на борбата против корупција.

Г.М.