Охридската школа по природно право “Препознавање и разбирање на организираниот криминал и корупцијата во контекст на владеење на правото”, ќе биде отворена во понеделник, 25 септември во 10 часот во “Куќата на Уранија-МАНУ” во Охрид.
На отворањето ќе се обратат Вирџинија Елиот – директор на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при амбасадата на САД, Владо Камбовски – МАНУ и Јетон Шаќири – Министер за правда.
На настанот што ќе трае до петок, 29 септември, ќе бидат отворени повеќе актуелни теми од областа на правото, со фокус на борбата против корупција.
Г.М.