Со трибина на тема „Перспективите на културниот туризам во Македонија со посебен осврт на Вевчани“, денес, во Вевчани започнува програмата за одбележувањето на верскиот празник Свети Василиј-Велики, заштитник на вевчанските василичари и Вевчани. Богатата програма продолжува утре, кога ќе биде промовиран романот „Пред шарени врати“ на вевчанецот Крсте Шутиноски, а на 12 јануари ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Мирче Василев.

Забавниот дел ќе стартува на 12 јануари во 21 часот со настап на домашните групи ДНК и Нокаут, а пред полноќ ќе се претстават и Фрајле, гостинките од Србија. На 13 јануари во 21 часот присутните ќе ги забавува фолкерката Анета Наковска, додека Православната нова година ќе биде пречекана со настапот на вевчанецот Ефто Пупиноски.

Повеќе од 1.000 маски, традиционално на 13 јануари околу 14 часот ќе продефилираат низ вевчанските улици. Манифестацијата ќе заврши на 14 јануари со традиционалното палење на маските.

OhridNews