Со настапот на еден од најдобрите балкански и европски џез бендови, Васил Хаџиманов бенд, на плажата Куба Либре, вечерва се отвара првиот “Џез фестивал” во Охрид.
Се најавува изведба во нивни прпознатлив стил џез-фанк/фјужн со композиции од последниот албум на бендот “Живота ми” кој од страна на музичките критичарии е оценет како најдобар албум на Балканот.
Фестивалот продолжува утре вечер со настап на еден од најдобрите грчки џез музичари Костас Теодороу со постава која доживува голем успех низ Европа. Ќе изведат композиции од нивните последни албуми, претежно во етно-џез стил.
После овие два настапи следуваат два пополноќни џем сешн концерти во џез клубот “Џез инн”.
На последната фестивалска вечер, на 24- ти август, ќе настапи еден од најдобрите перкусионисти на сите времиња, кубано-американската звезда Оскар Салас , познат како член на бендовите на Дејвид Брн, Џако Пасториус,Артуро Сандовал,Алекс Акуна , Брекер Брадрс и многу други, во заеднички настап со триото на нашиот џез виртуозот Тони Китановски.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози Врнежи од слаб снег кој не се задржува има и на Пресека, Смојмирово и Демир Капија Од 1100 часот сообраќајот на патни...
Екипите на општинските јавни претпријатија, интензивно работат на терен на повеќе локации во Охрид за надминување на проблемите кои ги предизвикаа обилни врнежи од дожд, што деновиве го зафатија ох...
Започна празничниот караван „JINGLE BETS“ МЕГАВИН, кој носи новогодишна магија и забава во повеќе градови низ Македонија Со овој забавен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван, полн со интерактивни игри и п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.