Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 30 март. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.
Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.
По рамазанскиот пост, на 30 март е Рамазан Бајрам кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.
Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник и 31 март (понеделник) ќе биде неработен ден за сите граѓани.
Во рамки на 9-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на МРК Куманово Не очекува натпревар против млада и незгодна екипа на Куманово, која особено на домашен терен...
Општина Охрид влегува во нова фаза на реализација на проектот за енергетска ефикасност во основните училишта „Христо Узунов“ и „Братство Единство“ во Лескајца по усвојувањето на новата одлука на од...
На 28082026 година во 2330 часот во СВР Охрид, приведени се 37 и 35-годишни лица, двајцата од Велес по претходна пријава дека во охридското село Пештани, со други две лица физички нападнале 22-годи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.