Верниците од исламската вероисповед денеска го започнуваат рамазанскиот пост кој трае 29 дена. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење и други физички задоволства.

По повод почетокот на Рамазанските пости, порака до верниците за духовен мир, меѓусебно разбирање и толеранција упати поглаварот на исламската верска заедница во Македонија реис ул улема ефенди Сулејман Реџепи.

OhridNews