Со натпреварот помеѓу американскиот Интер Мајами предводен од Лионел Меси и египетскиот Ал Ахли, вечерва два часа по полноќ, во САД почнува првото Светско клупско првенство во фудбал. ФИФА обезбеди награден фонд од 1 милијарда долари со цел да ги привлече најдобрите тимови на планетата да дојадат во Америка по напорната сезона.

Само за учество европските екипи ќе инкасираат од 12,81 до 38,19 милиони по клуб. Нерешено во групата носи еден милион долари, победа два милиони, осминафинале 7,5 милиони, четвртфинале 13,1 милиони, полуфинале 21 милион, финале 30 милиони и победа 40 милиони долари.

Натпреварите ќе се играат на 11 стадиони во Сад, а ќе се емитуваат бесплатно преку стриминг платформата DAZN. Треба само да отворите бесплатна сметка на платформата, со што ќе може да ги гледате сите натпревари без надомест, информира ФИФА. Дополнително, одбрани натпревари ќе бидат достапни и на TBS и TNT, достапни преку платформи како Hulu + Live TV, DirecTV и Max.

Светското клупско првенство завтшува на 13 јули.

Г.М.