Со настап на групите „Фолтин“ и „Плутос даутс“ и диџеј сетот на светски докажаниот, македонски продуцент и композитор Кирил Џајковски, денес, во Вевчани започнува забавниот дел на годинешниот Вевчански карневал.

Во сабота, на 13 јануари, вечерта во пресрет на дочекот на Новата година по стариот календар, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во настапите на „Џамбо Агушев оркестар“, Блага Петреска и „Чалгија саунд систем“.

И на годинешниот карневал во Вевчани присутните ќе имаат можност да видат повеќе од 1.000 маски кои традиционално на 13 јануари околу 14 часот ќе продефилираат низ вевчанските улици. По дефилето, околу 18 часот василичарите ќе одат од куќа во куќа, а рано изутрина следниот ден заедно со гостите ќе одат на полнење вода на Вевчанските извори. Манифестацијата ќе заврши на 14 јануари со традиционалното палење на маските.

Се очекува на карневалот да присуствуваат над 15.000 посетители.

OhridNews