Со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, во сабота наспроти недела, започнува зимското сметање на времето. Во 3 часот по полноќ стрелките на часовникот се враќаат на 2 часот.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот. На овој начин, наводно, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.

Со 384 гласа „за“ пратениците во Европскиот парламент на по четокот од оваа година изгласаа укинувње на летното и зимско сметање на  времето, а одлуката ја поддржа и Европската комисија, поради што големи се шансите ова поместување на стрелките на часовниот во Европа да биде и последно.

OhridNews