Од  ЈП „Охридски комуналец“ информираат дека од сабота започнува есенскиот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад, при што секоја сабота во септември и октомври ќе се подига кабаст отпад, а во месец ноември зелен отпад.

 – Со акциите етапно ќе бидат опфатени сите реони и населби од градот, за што граѓаните ќе бидат благовремено информирани преку нашата веб-страна и електронските медиуми. За динамиката со која се испланирани овие акции граѓаните можат да се информираат и од годишните календари, велат од претпријатието.     

Во сабота, 7- ми септември акцијата за подигање кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  ќе се спроведе во стариот дел од градот. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

OhridNews