Првата акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) ќе се реализира во сабота, 6- ти април, од населба „Стар Град“ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.