Вечерва и утре се играат првите натпревари од четвртфиналето во Лига на шампиони на УЕФА, со дуели меѓу најсилните европски клубови и најава за неизвесна завршница на сезоната.
На програмата вечерва се два атрактивни натпревари. Реал Мадрид го пречекува Баерн Минхен, а Спортинг дома игра со Арсенал. Преостанатите два меча се играат утревечер, Барселона во шпанската пресметка се среќава во Атлетико Мадрид, а актуелниот европски првак ПСЖ игра со Ливерпул. Сите натпревари се играат со почеток во стандардниот термин од 21:00 часот.
Екипите влегуваат во четвртфиналето во различна форма, но заедничко за сите е високото ниво на квалитет и искуство во елиминациските рунди.
Реванш натпреварите се закажани за следната недела, по што ќе бидат познати полуфиналистите во елитното европско натпреварување.
OhridNews













