Манифестацијата „Курајчки средби 2010“ започнува вечерва во 20 часот во охридското село Куратица.
Организаторот и годинава најавува добра забава и дружење.
– Вечерта ќе биде збогатена со пијалаци и храна, а за музичкиот дел ќе се погрижи групата „Маестрал“ од Битола, информираат од организацискиот одбор на манифестацијата.












