Од денеска до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот.

Во ОСУ „Свети Климент Охридски“ слободни има 272 места во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик во гимназиско образование. Во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ ќе може да се запишат 152 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик. Од нив 118 во економско-правната и трговска струка и 34 во здравствената струка. Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во 10 паралелки со настава на македонски јазик има слободни места за упис на 277 ученици. Од нив во машинска струка – 84 ученици, електротехничка струка – 143 ученици, лични услуги – 25 ученици и сообраќајна струка – 25 ученици. 150 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик ќе може да се запишат во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во угостителско- туристичка струка, се наведува во Конкурсот.


Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава, посочи МОН.
На крајот на март МОН го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Во него се наведени потребните документи, начинот на аплицирање и конкурсните рокови.

Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира на 28 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 28 јуни на јавно место во училиштето.
OhridNews











