
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија на Природно математичкиот факултет во Скопје, во 12.45 часот бил регистриран умерен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Европската макросеизмичка скала-1998, со епицентар на околу
170 километри јужно од Скопје, на територијата на соседна Грција.
Земјотресот со слаб интензитет е почувствуван и во Охрид.











