Под Мексико Сити, на длабочина од речиси два километри, откриен е басен со вода со капацитет кој може да обезбеди стогодишно снабдување на мексиканскиот главен град со вода. До откритието довело истражување работено на источната страна на метрополата, објавила агенцијата Блумберг, повикувајќи се на изјава на директорот на водоводот Рамон Агире дадена за локалните медиуми.
Басенот со вода бил сместен на длабочина од 2000 метри и можел да произведува 80 илјади литри вода во секунда, било наведено во соопштението.