Контролата е спроведена во 420 објекти во Охрид, Струга, Тетово, Гостивар, Скопје, Куманово, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Ресен и Битола, при што неправилности биле констатирани во 51 објект.
Најмногу неправилности биле забележани во Скопје – 19, по штo следат Тетово и Гостивар каде незаконски работеле по 7 објекти. Дел од сопствениците самоиницијативно ги затвориле обложувалниците, но од УЈП информираат дека тие нема да бидат изоставени во даночната контрола која ќе биде спроведена во наредниот период.