Од локалната самоуправа не ја исклучуваат можноста некои од јавните претпријатија повторно да се припојат со оние од кои се одделиле, доколку тоа се покаже како попрофитабилна опција.
Ревизијата на работењето на јавните претприја беше најавена и од страна на градоначалникот Бакрачески, непосредно по добивањето на мандатот.
Како што потенцира тогаш Бакрачески, ваквиот чекор е неопходен со цел новата локална самоуправа да може во иднина коректно, без препреки и чесно пред народот да ја работи својата работа и да знае кои се идните должности и обврски. Воедно, ревизијата би значела и своевиден отчет пред граѓаните околу сработеното од страна на јавните претпријатија во изминатите осум години.