Во организација на невладините организации: Уметност на живеење, Арт Лајф, СУНА и Банка за храна Македонија, во рамки на активностите за борба против сиромаштијата, во сабота, 24 август, во Охрид ќе се спроведе хуманитарна акција за собирање училишен прибор и храна наменети за децата од социјално загрозени семејства.

– Во акцијата ќе може да се донира школски прибор, но исто така и храна, облека и се што би придонело почетокот на школската година да биде весел и успешен и за децата од социјално загрозените семејства, нагласуваат организаторите.  

Хуманите охриѓани ќе можат да донираат од 10 до 13 часот, на поставен пункт пред маркетот Тинекс.

Акцијата која ќе трае до 1 септември ќе се спроведе и во Скопје и Штип.

OhridNews