Културно-информативниот центар „Култура 365“ од Охрид во своите активности ја вклучува и борбата за поголема еманципација и културно издигнување на жената.

За таа цел, а по повод меѓународниот ден на жената, на 8 март, ќе биде спроведена акцијата „Книга за секоја жена“. Имено, во текот на целиот работен ден секоја жена која ќе го посети КИЦ „Култура 365“ на ул. „Цар Самоил“ бр. 34 во Охрид, ќе добие на подарок книга со проза или поезија по сопствен избор.

Акцијата се спроведува со поддршка од локални автори и издавачи.

OhridNews