По повод Празникот на пензионерите, 20-ти септември, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, одлучи на сите пензионери кои во текот на утрешниот ден ќе изнајмат книга од библиотеката да им подари по еден наслов.
Охридската библиотека располага со богат книжевен фонд кој постојано се зголемува со нови познати наслови и светски бестселери. Книгите се набавуваат во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ одобрен и финансиран од Министерството за култура на Македонија.
OhridNews