Новогодишни подароци имаше и за децата штитеници на Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско – Струмица и Специјален завод за лица со посебни потреби – Демир Капија.
ЕВН Македонија ја поддржа и новогодишната хуманитарна акција на Црвениот крст „Да споделиме радост“. Со оваа акција над 600 социјално загрозени дечиња од Скопје, Велес, Битола, Прилеп, Кавадарци, Гостивар и Кочани добија пакетчиња и новогодишни подароци.
Во организација на Црвениот Крст на Град Скопје, 200 дечиња кои не се опфатени од различни хуманитарни институции, имаа можност да присуствуваат на новогодишна претстава со Дедо Мраз и добија пакетчиња. Тоа се дечињата од домот за деца бездомници во Љубанци, Чичино село, деца од специјалното училиште за лица со оштетен слух и деца со вродени срцевосадови заболувања.