Ноември месец беше плоден за теквондист Василија Јовчески кој е член на охридскиот клуб „Хваранг Фист“. 15-годишниот теквондист освои три одличја на трите турнири на кои учествуваше.

На Балканското првенство во Букурешт, Романија охриѓанецот се закити со бронзен медал, на Државниот турнир во Скопје се искачи на второто место на подиумот, додека на турнирот во бугарската престолнина Софија на кој се освојуваат бодови за учество на Олимпијада заврши на третата позиција.

Јовчески и неговиот тренер Ацо Јосифоски имаа прием кај градоначалникот Јован Стојаноски, кој е најголема поддршка за охридскиот клуб. Тој му честиташе на Јовчески за успехот и му посака уште поголеми успеси.

Следен предизвик за охридските теквондисти ќе биде Меѓународниот турнир во Сараево на кој ќе учествуваат 1 000 натпреварувачи.

OhridNews