Веста за хоспитализирањето на Сер Алекс Фергусон со влошена здраствена состојба го потрески фудбалскиот свет, кој помина низ бурен период последниве два-три месеци.
Над легендарниот манеџер на „црвените ѓаволи“ после хоспитализирањето во болница му била извршена операција на главата, по која ќе му треба време за опоравување. Клубот од Олд Трафорд ги охрабри навивачи со позитивни вести за здравјето на Фергусон, а поддршка за шкотскиот виртуоз во менаџерска работа стигна од сите страни.
Дека фудбалот е повеќе од играа покажаа неговите вечни ривали од Премиер лигата, Арсенал, Ливерпул, Челси и Манчестер Сити кои испратија поддршка до Фергусон за добро здравје и брзо опоравување.
Голема трагедија светскиот фудбал го потресе во март кога ненадејно почина капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, а потоа следуваа трагични настани во Франција и Хрватска, каде згаснаа млади животи на терените.
OhridNews
Сер Алекс Фергусон хоспитализиран во лоша здраствена состојба !