Серијата без победа која трае од 31 декември минатата година го спушти шампионот во Премиер лигата, Лестер во опасната зона и нема да ја загрози менаџерската позиција на Клаудио Раниери.
Италијанскиот стручњак минатата сезона сензционално го одведе тимот од „Кинг Пауер“ стадионот до титулата во Англија, а сега во лошите мигови во кои поминува екипата тој доби поддршка од целиот клуб.
– Раниери ја има целата наша поддршка и во ниту еден момент ја нема изгубено. Тој ни приреди многу радосни моменти и не смееме во првиот лош миг ние да му го свртиме грбот. – стои во соопштението од клубот.
Во серијата без победа навивачите на Лестер се израдуваа на лојалноста од Ријад Марез. Најдобриот играч одби богата понуда од Тотенхем со образложение дека ќе игра во Лестер и оваа сезона кога на клубот му е најпотребна помош.
OhridNews