
Според Јавниот конкурс кој беше објавен вчера, поддршката се однесува на стручно усовршување на талентирани млади уметници и дефицитарни стручни кадри (за редовни, постдипломски и докторски студии и специјализации) во странство со приоритет на студиите што ги нема во образовниот систем во нашата земја.
Исто така ќе биде обезбедена поддршка за стручно усовршување на дефицитарни стручни кадри за непосредна заштита на културното наследство и поддршка на стручно усовршување во странство на кадри за менаџмент и маркетинг во културата и примена на нови технологии.
Пријавувањето на конкурсот се врши со доставување пополнета пријава која е објавена на веб-локацијата на Министерството, а крајниот рок за аплицирање е заклучно со 31-ви октомври 2014 година.
OhridNews











