Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ денеска во Охрид со почеток во 18:30 часот на плоштадот кај „Чинарот“ по седми пат ќе се организира мирен протест.
Преку протестот во Охрид, граѓаните ќе го изразат своето незадоволство од одлуката за аболиција и одлуката за нерегуларни избори на 5-ти јуни.
Претходниот протест на граѓанското движење „Протестирам“ во Охрид се одржа на 11-ти мај 2016 година.
Освен во Охрид, Граѓанското движење „Протестирам“ организира протести и во останатите градови во Република Македонија.
OhridNews













