– Ние како партија, целосно ќе се заложиме да им се оддаде почит на загинатите за слободата на Македонија. За таа цел, ќе побараме од Локалната самоуправа, спомен обележјето во Велгошти кое е подигнато од потомците на стреланите, хортикултурно да се уреди и на 12 септември свечено да се положи свежо цвеќе од официјални делегации од градот и од државата, велат од ВМРО-НП.
Одлуката за одбележување на Охридското востание беше донесена од страна на советот на општина Охрид, а по иницијатива на советниците од ВМРО- НП.
Вооружените македонски чети го кренале востанието заедно со чети од албанскиот револуционерен округ. При тоа четвртиот српски полк бил заробен, заедно со сите офицери. Охридското востание било задушено по десет дневна борба со српската војска. По задушувањето на востанието, голем број охридски села биле запалени, а на Крстовден, на 27 септември биле стрелани неколкумина жители на селото Велгошти.