Финишираат подготовките на македонските атлетичари Христина Ристевска и Христијан Ефремов кои во Охрид се подговуваат за настапот на Олимписките игри во Лондон. Нив ги посети делегација на МОК и АФМ во состав Владимир Богоевски и Крсте Серафимовски.


– Пред само неколку месеци , сите живеевме во сон дека во Лондон ќе бидеме преставени , отприлика 70 члена делегација, меѓутоа после елиминациите на нашите репрезентации во колективните спортови, ракометот, ватерполото и кошаркатата , останавме со една мала декегација во која ќе бидат само четири спортисти, тоа ќе бидат двајца атлетичари и двајца пливачи. Во Охрид ги посетивме нашите најдобри атлетичари, овде имаат најдобри услови за подготовка во Македонија, за едно вака големо натпреварување. Се надеваме дека овие подготвки кои ги обезбеди МОК ќе им послужат во Лондон да стигнат до онаа очекувана форма, и да го постигнат својот најдобар резултат – рече Богоевски.


Претседателот на АФМ, Крсте Серафимоски истакна дека е задоволен од подготовките и од соработката на релација АФМ –МОК кој ги обезбеди овие подоготвки.

– Сметам дека со ова атлетичарите ќе се подготват максимално и Македонија ќе ја престават во најдобро светло. Очекувам да ги постигнат личните резултати –вели Серафимовски.


Подготовките на атлетичарите во Охрид ќе траат до недела. Обајцата ќе се натпреваруваат во трката на 400 метри, а нивните настапи се закажани за 3 односно 4 август.

М.П.