Охридските ракометари успешно ги одработија подготовките во црногорскиот град Будва. „Гладијаторите“, под палка на Раде Стојановиќ тренираа во пеколно темпо два пати на ден и одиграа три контролни натпревари на кои забележаа две победи и претрпеа еден пораз.

  • Подготовките во Црна Гора поминаа во најдобар ред. Трениравме со полн интензитет, ги воигрувавме сите комбинаци, го кренавме тимскиот дух и најважно сите вративме без никаква повреда. Во трите контролни натпревари покажавме добри партии и целиот играчки кадар имаше шанса за настап. Се на се можа да кажам дека подготовките во Црна Гора поминаа одлично и беа полн погодок за екипата. – изјави капитенот на Охрид, Крсте Андоновски.

Охриѓани без ден одмор продолжија со подготовките, а во среда и четврток ги очекуваат тест средби со косовоскиот шампион Беса Фамгас. Утрешниот дуел ќе биде со хуминатаренте карактер. Билетите од влезниците (50 денари) ќе бидат донира за лекување на охриѓанката Сандра Ническа.

  • Сега влегувамe во третата и последна фаза од подготвителниот период. Ќе одиграме два контролни натпревари со шампионот од Косово кои ќе ги искористиме за финално кристализирање на формата. Едниот од нив ќе биде хуминатарен и ги повикувам охриѓани да дојдат во што поголем број и да донираат за Сандра која ја води најважната битка во животот. – заврши Андоновски.

Охридскиот ракометен клуб втората етапа во Супер лигата ќе ја продолжи на гостински терен кај тимот на Бутел Скопје.

OhridNews