Денес, екипите на „РЕ Механизација” и „ Јавна Хигиена” кои функционираат во рамки на на ЈП Охридски Комуналец расчистуваа околу градското пристаниште.
При тоа, подигнати се околу 6 метри кубни песок и камења, кои беа наталожени од брановите при силниот јужен ветар кој дуваше изминатите денови.
Во активностите ангажирани беа специјална машина ИЦБ, ФАП и двајца работници.
OhridNews