Екипи од „Јавна хигиена” при јавното претпријатие „Охридски Комуналец”, денес, беа вонредно ангажирани за расчистување на градскиот кеј, на потегот од пристаништето до хотел „Милениум” со цел да се подигнат наносите од сува трска и комунален отпад, кои ги исфрлија брановите.
При тоа, беше подигната поголема количина на отпад кој потоа беше транспортиран со трактор.
OhridNews