Рекордни 80 м3 отпад на градскиот кеј, донесе силниот ветер од јужен правец кој дуваше изминатото деноноќие во Охрид.

Во текот на вчерашниот ден, екипите на охридското јавно претпријатие „Комуналец“ со механизација и дваесетина работници во крајно неповолни услови ги расчистуваа наносите од отпад.

Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, екипите остануваат мобилизирани со оглед на најавите за продолжување на неповолните временски услови проследени со силен ветeр.

OhridNews