Обвинителството за организиран криминал подигнало обвинение  против екс директорот на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман, кој беше приведен на 15- ти јули во рамки на акцијата Фаланга 2, информира Канал 5.

Кузман бешеприведен под сомнение дека ја злоупотребил службената положба, односно дека спротивно на законот издал согласност на приватни лица за ископување на две локации – едната во катлановско, другата во делчевско.

Како што се наведува во информацијата на Канал 5, адвокатот на Кузман,  Александар Новаковски подготвува приговор на обвинението. Смета дека не постојат елементи на кривичното дело за кое се товари Кузман и дека нема поврзаност со делата за кои се обвинуваат останатите во Фаланга 2.

Минатата недела адвокатот поднел гаранција во имот, односно семејната кука во Охрид  и ниви, за Кузман да се брани од слобода.

Судењето за Фаланга 2 се очекува да започне во септември во скопскиот кривичен суд, откако обвинението ќе стане правосилно и ќе се закаже датум.

OhridNews