Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против Ј.И. (19) и Е.Ц. (18), двајцата од село Октиси- струшко, за сторени кривични дела „оштетување или неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „кражба“..

На 31.01.2011 година, во Струга  пријавените пронашле три кредитни картици на лице од Струга, по што во Охрид, од банкомат во пет наврати подигнале 29.669 денари.

OhridNews